сабота, 26 септември 2009

Фулам - Арсенал


Арсенал денеска му гостува на Фулам. Тимот кој многу пати успевал да го победи Арсенал на нивниот стадион. Сепак годинава Фулам не е баш тој истиот тим од ланската сеозна. Па така Арсенал би требало без голем проблем да ги освои трите бода, а и да му закачи некое глоче плус. Сепак Фулам не е за потценување, но ако Арсенал сака да стане шампион ќе мора да ги победува сите екипи што не спаѓаат во големата четворка. Претходните сеозони тие порази го оставаа Арсенал на четвртата позиција.

Составот на Арсенал би тербало да изгледа вака:
------------------Маноне-----------------------
Сања---Галас--------Вермален-----Клиши-

-----------------Сонг-------------------------
Фабрегас----------------------Росицки/?---

Волкот------Ван Перси--Аршавин/Едуардо

Stand up for the Arsenal !

среда, 23 септември 2009

Арсенал 2-0 ВБА


Во премиерниот натпревар на Арсенал сезонава во карлинг куп Арсенал славеше со 2-0 над Вба. Арсенал како и неколку сезони наназад настапува со резервниот состав. За овај натпревар не постоеше директен пренос, но можеше да се најде коментар без слика, но подоцна после натпреварот имаше реприза на АТВО. Головите од натпреварот можете да ги гледате тука. Спрема репортите по сајтовите за овај натпревар може да се каже дека Арсенал имаше заслужена победа, но и дека и ВБА бил сериозен противник. Инаку на тимот на ВБА му беше исклучен играч поради намерно удирање на Џек Вилшер. Стрелци на головите беа Ват и Вела.

Stand up for the Arsenal !

четврток, 17 септември 2009

Стандард 2-3 Арсенал


Мора да се признае дека Стандард ги изненади сите што го гледаа натпреварот Стандард-Арсенал. Момците во првите 5 мин. успеа да постигнат 2 погодоци поради грешки и од брзање на фудбалерите на Арсенал. Но во продолжение Арсенал ја презеде топката во свои нозе и цело време ја контролираше играта , но без некоја конкретна шанса. Конечно Бендтнер го разби малерот во 45 минута. Во второто полувреме после една мешаница Вермален(дзверот) успеа да постигне гол за израмнување на резултатот , а покасно и Едуардо погоди за целосен пресврт. Сепак и покрај тоа што Арсенал покажа дека може да се врати и од посериозна негатива и тоа со не стандардни играчи се чини дека ја нема таа форма како на првите натпревари оваа сезона. Се чини дека двата порази во Манчестер и тоа не-праведни го демотивираа тимот. Во секој случај да се надеваме дека после овај натпревар се ќе оди како што се надевавме до пред неколку недели :).

Stand up for the Arsenal !

сабота, 12 септември 2009

Манчестер Сити(Вилиџ) - Арсенал


Арсенал претходното коло играше против ривалот на сити, Јунајтед и загуби со 2-1 на многу несреќен и неправеден начин. Сега треба да се докажеме против надежниот сити. Лани загубивме 3-0, но тоа е само минато. Иначе голем хендикеп за овој натпревар е неиграњето на Аршавин кој се повреди на репрезентативна должност.
Вака би требало да изгледа составот на Арсенал :

----------------Алмунија--------------------
Сања--Галас--------Вермален---Клиши

-----------------Сонг-------------------
Фабрегас-------------------Росицки/?

Ван Перси--Бендтнер---Едуардо-----

Stand up for the Arsenal !