петок, 31 јули 2009

Започнува Emirates Cup 2009 !


На 1-ви Август во 15 часот Емирати Купот ќе биде отворен со натпреварот Ренџерс - ПСЖ.
На овогодинешново издание ќе учествуваат екипите на Арсенал , Атлетико Мадрид , ПСЖ и Ренџерс. Ова е веќе трето издание на Емирати Купот . Во 2007 победи Арсенал , а во 2008 Хамбургер. И оваа година како и секогаш Арсенал е фаворит за освојување на купот. Оваа година Арсенал ќе игра против екипите на Атлетико Мадрид и Ренџерс. Купот трае само 2 дена од први до втори Август.

Линкови за следење на натпреварите онлајн: (кликнете на двојките за кој ви се потребни линкови)
1-ви Август:
Ренџерс - Парис Сент Жермен -почеток во 15 часот
Арсенал - Атлетико Мадрид - почеток во 17:15 часот

2-ри Август:
Арсенал - Ренџерс -почеток во 17:15 часот.

Stand up for the Arsenal !

среда, 29 јули 2009

Хановер 96 - Арсенал



Овај натпревар се чини ќе биде првиот вистински тест за Арсенал во подготовките за новата сезона. Досега Арсенал одигра 3 пријателски натпревари на 2 победи ,а на една одигра нерешено. Беа постигнати 14 гола, а примени 3. После натпреварот со Хановер вечерва Арсенал ќе игра во Емирати Купот на домашен терен и уште еден пријателски натпервар со Валенсија на Местаља. Вечерва се очекува да настапат повеќе првотимци за Арсенал отколку на другите натпревари. Почеток во 19 часот.

ЛИНКОВИ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА УТАКМИЦАТА НА НЕТ. ТУКА.

Од трансферите во врска со Арсенал за издвојување е Коло Туре кој денеска е можно да потпише за Манчестер Сити. Сумата на трансферот е околу 16 милиони фунти. Па после ова заминување треба да очекуваме дека барем ќе има уште едно засулување за Арсенал сезонава.

Stand up for the Arsenal !

вторник, 21 јули 2009

Арсенал - СК Колумбија

Натпреварот помеѓу Арсенал и Колумбија ќе можете да го следите тука. :)

Stand up for the Arsenal !

недела, 19 јули 2009

Емануел Адебајор официјално потпиша за Сити !


Емануел Адебајор конечно го комплетира трансферот во Маначестер Сити. Иако не беше објавена сумата за трансферот, се смета дека Арсенал ќе спечали околу 25 милиони фунти.
Венгер кажа дека и покрај заминувањето на Аде тој нема да брза во купување на играч. Венгер изјави: “На припремите ќе се докаже дали нам ни треба напаѓач, ако ни треба сигурно ќе купиме“. Исто така тој призна дека е заинтересиран за Маруан Шамак. Па така ако некој дојде летово тоа ќе биде најверојатно Шамак.
Што се однесува до вчерашниот пријателски натпревар против Барнет 2-2 Арсенал одигра доста солидно по првото полувреме и во второто не беше лош. Сепак 2 гола кој Арсенал ги прими можеа лесно да се скротат али тоа е тоа.
Следен натпревар против СК. Колумбија на 21 јули во 18:30 часот.
Stand up for the Arsenal !

петок, 17 јули 2009

Барнет - Арсенал



Вака така на бризина помина летниот распуст за фудбалерите на Арсенал. Од утре 18.7.2009 започнуваат подготвителните (пријателски) натревари. Како и секогаш Арсенал секогаш првиот пријателски натпревар го игра против Барнет. Во ланскиот натпревар Арсенал победи со 2-1. На овај натпревар претежно ќе настапат играчи од младинскиот состав, а исто така во составот ќе има и доста првотимци : Алмунија, Росицки , Едуардо , Клиши , Маноне , Галас, Џуру, Вилшер ,Насри , Денилсон, Силвестре , Аршавин, Траоре , Сендерос и Вермален. Натпреварот започнува во 16 часот.

Линкови за следење на натпреварот во живо тука.

Stand up for the Arsenal !

вторник, 14 јули 2009

Арсенал ја прифати понудата на Сити за Адебајор !?

Најверојатно Арсенал ја прифати понудата на Манчестер Сити за Емануел Адебајор. Вредноста на трансферот е околу 25 милиони евра. Сепак во наредните неколку дена ќе дознаеме дали Адебајор ќе го облече синиот дрес. Во случај на заминување на некој играч од Арсенал, Венгер кажа дека прв кој е на мета за засилување на Арсенал е Маруан Чамак од Бордо :).

Stand up for the Arsenal !

среда, 1 јули 2009

Арсенал го претстави третиот дрес за 2009/10

Арсенал го претстави новиот трет дрес за сезоната 2009/10.
Ако сакате да видите повеќе слики од него кликнете тука.

Stand up for the Arsenal !