вторник, 24 март 2009

16 играчи на Арсенал повикани за настап за своите репрезентации!


Ехе.. Речиси и да нема играч од Арсенал кој нема да настапи за својата репрезентација, а тоа покажува дека имаме доста квалитетни играчи. Во другите сезони беше многу полесно за Венгер бидејќи ретко кој беше повикуван за својте репрезентации, но и тимот не беше до олку квалитетен изгледа :).
Играчи од Арсенал кој ќе настапат за Франција се:
Абу Диаби
Самир Насри
Бакари Сања
Вилиам Галас
Гаел Клиши
За Брегот на слоновата коска:
Емануел Ебуе
Коло Туре
За Хрватска:
Едуардо
За Холандија:
Робин Ван Перси
За Мексико:
Карлос Вела
За Велс:
Арон Ремси
За Швајцарија:
Јохан Џуру
За Полска:
Лукас Фабиански
За Того:
Емануел Адебајор
За Данска:
Никлас Бендтнер
За Русија:
Андреи Аршавин.

Јако а ! :)

Stand up for the Arsenal !


сабота, 21 март 2009

Newcastle 1-3 Arsenal

Охохо. Конечно победа на Сент Џејмс Парк и тоа многу убава :). Првото полувреме беше многу глупо да се гледа поради не сврзаната игра и од двата тимови. Беше досуден и (неважечки) пенал за Њукасл кој за среќа Алмуниа го фати како ништо да не било. Во второто полувреме малку играта се подобри. Арсенал поведе во 57 минута откако Аршавин наткрена од слободен удар а Бендтнер немаше што да промашува. Но веднаш после голот и Њукасл ненадејно врати преку одличен потег на Мартинс. После ова Арсенал си продолжи со напади, па Диаби го гранатира голот на Харпер во 64 минута , а Насри во 67мин. ги постави конечните 1-3 за Арсенал. До крајот на натпреварот Арсенал имаше уше неколку шанси за гол. Во 70 минута Аршавин беше повлечен од игра, но мора да се признае одигра уште еден одличен натпревар и е еден од најзаслужните за победата.
Оценки:
Алмуниа 8
Сања 7
Туре 7
Галас 6,5
Клиши 7
Насри 7,5
Денилсон 7
Диаби 7,5
Аршавин 7,5/8
Ван Перси 7,5 (се изнапромашува)
Бендтнер 7/7,5
Од замените:
Сонг 7
Ебуе / (немаше време за оценка)

Stand up for the Arsenal !

Newcastle - Arsenal

На овај натпревар е потребна победа и тоа како. Мора да се задаржи четвртата позиција, а кога ќе се земе предвид дека Астон Вила ќе доживее најверојатно уште еден пораз ќе се одлепиме со 3 бода предност. Има една лоша вест, Тео Волкот се повредил на тренинг. Го повредил коленото и ќе одсуствува минумум 3 недели, па по се изгледа повторно настап ќе има дури во мај. Најлошото е што само пред 2-3 недели се опорави од тешка повреда, а сега заработува уште една ,но не до толку сериозна повреда. Што се однесува за овај натпревар повредени се : Фабрегас , Волкот , Адебајор... Овај пат Њукасал ќе бара начин да се одмазди за поразот од Арсенал на почетокот на сезоната, но нема да успее :).

Најверојатен состав:
--------------Алмуниа-------------
Сања---Туре-----Галас--Клиши--
Насри--Сонг--Денилсон-Аршавин
-----Ван Перси----Бендтнер/Вела
Резерви: Фабиански, Џуру , Диаби, Бендтнер/Вела, Едуардо, Гибс, Силвестре.

Stand up for the Arsenal!

петок, 20 март 2009

Арсенал против Виљареал во четвртфинаето од Лигата на Шампионите !

Е на Арсенал се чини му се падна еден од најлесните тимови, сепак и ако вака изгледа лесен можно е да не изненадат па затоа треба предпазливост. Други двојки се : Ливерпул-Челси , Барселона-Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед-Порто. Ако Арсенал го победи Виљареал ќе игра со победникот од мечот Ман.Јун.-Порто. Најверојатно Манчестер би бил следниот противник, а за евентуално финале ќе видиме. Исто така Венгер изјави дека не ја прифаќа фаворитската улога за натпреварот и тврди дека сите се со 50:50 шанси за одење понатака. За Фабрегас се знае дека се враќа во игра на 4 Април против Манчестер Сити :).

Stand up for the Arsenal!

вторник, 17 март 2009

Arsenal 2-1 Hull City


Тооoo. Полуфинале во ФА Куп !!! Конечно сме блиску до некоја титула и сега само Челси ни смета кон патот до финалето на Вембли.Натпреварот почна добро за Хал кој поведоа уште во 13 минута. Речиси до 70 минута Арсенал играше залудно и имаше по некоја шанса која ќе ја сездадеше Аршавин или Вела или Волкот. Ван Перси беше еден од најслабите и беше речиси заспан. Кај 70 минута во игра влегоа Насри и Бендтнер на местата на Вела и Сонг. Уште при првата шанса Бендтнер успеа некако да ја подаде топката до Аршавин, а тој до Ван Перси кој немаше што да промашува на празен гол. Така да за овај гол најголема заслуга имаат Аршавин 50%, Бендтнер 35% и Ван Перси 15%. После ова натпреварот тргна за Арсенал , а и Ван Перси се разигра. Потоа во 84 минута после една збрка пред голот на Хал, Галас успеа да постигне гол за пресврт и победа на Арсенал.
Оценки:
Фабиански 6,5
Сања 6
Џуру 6,5
Галас 7/7,5
Гибс 7
Волкот 6,5
Сонг 6,5/7
Диаби 6/6,5
Аршавин 8
Ван Перси 7
Вела 6,5/7
Од замените:
Насри 7,5/8
Бендтнер 7
Ебуе 6/6,5

Следен натпревар сабота против Њукасл.

Stand up for the Arsenal !

Arsenal - Hull City

Заостанат натпревар од четвртфиналето во ФА купот. Се чини од напред се знае победникот ама Хал нема да се откаже лесно земајќи ја предвид и победата на Емирати над Арсенал. Тогаш беше се како горм од ведро небо, но и Хал беше многу подобар тим кој се наоѓаше на 3-4 позиција на табелата, а сега е пред испаѓање, така да нема дилеми спрема мене околу победникот. Се уште повредени играчи за Арсенал се : Фабрегас, Адебајор, Силвестре ,Едуардо , Росицки...а и Аршавин имал некаква мала повреда на стапалото, но најверојатно ќе настапи, бидејќи самиот имал голема желба.
Сосавот на Арсенал би требало да изгледа вака:
------------Фабиански------------------
Сања---Туре-----Галас--Гибс/Клиши
Волкот--Денилсон-Насри--Аршавин/Ебуе
-------Ван Перси------Вела------------

Резерви:
Алмуниа, Џуру, Ебуе/Аршавин,Клиши/Гибс, Ремси, Бендтнер.
Ако Арсенал го мине Хал оди во полуфиналето и таму не чека Челси:).

Stand up for the Arsenal!

понеделник, 16 март 2009

Од сега натаму сите натпревари на Арсенал ќе можете да ги следите на сајтов онлајн !

Почнувајќи од денеска на сајтов ќе можете да ги следите сите натпревари на Арсенал во живо. Ќе има прозорец за следење на натпреварите и ќе бидат поставени и други линкови за следење на утакмицата преку програмата-Sopcast, кој ја нема може да ја симне тука. (Со сопкаст ќе имате далеку подобра слика). Се што треба да направите е да кликнете на линкот за Сопкаст и програмата автоматски ќе ви се отвори. Линковите ќе бидат активирани на неколку минути пред натпреварот.

Stand up for the Arsenal !

недела, 15 март 2009

Arsenal 4-0 Blackburn

Супер игра и супер победа. Сите речиси играа добро , особено Аршавин , а Бендтнер беше дефинитивно најслаб. Еве оценки
Алмуниа 7,5
Сања 7
Туре 7
Џуру 7
Клиши 7
Насри 7,5
Волкот 8
Денилсон 7
Сонг 7,5
Аршавин 8,5
Бендтнер 6
Од замените:
Ебуе 7,5
Диаби 6,5
Вела 7
Следен натпревар во вторник против Хал (ФА куп).

Stand up for the Arsenal !

среда, 11 март 2009

Roma - Arsenal

Дојде и овај натпревар и мора да се заварши со најмалце нерешено. Арсенал има предност од 1 гол од првиот натпревар. Сепак очекувањата се дека Арсенал ќе победи со 2-3 гола разлика вечер, а и чуствувам дека ќе е така-ај ќе видиме. :) Волкот се врати во составот за овај натпревар, а и Туре е спремен за настап како и Едуардо. Аде, Фабрегас, Силвестре ...... се сеуште повредени, но Адебајор и Фабрегас треба да ги очекуваме за краток период пак на терените. Следниве играчи би требало да го сочинуваат составот на Арсенал:
Алмуниа, Галас, Туре, Сања,Клиши, Сонг, Насри, Денилсон, Вела , Едуардо, Ван Перси/Бендтнер.
Клупа:
Фабиански, Ремси, Волкот, Мерида, Бендтнер/Ван Перси, Гибс, Џуру.
ПОБЕДУВАМЕ !!!

Stand up for the Arsenal !

четврток, 5 март 2009

Волкот и Едуардо во составот против Барнли?!

Најверојатно Тео Волкот и Едуардо ќе бидат во составот против Барнли-кажа Венгер. Волкот цела недела е во фул тренинг и би требало со сигурност да е во составот, а Едуардо после малата повреда најверојатно ќе биде подготвен за настап. Инаку Туре кој се повреди на натпреварот против ВБА нема да може да настапи, а Венгер се надева дека Галас ќе биде подготвен после малата повреда и ќе го пополни неговото место. Ако Тео настапи во недела тоа ќе му биде прв настап откако се повреди во ноември. Да му посакаме одлично враќање !:)

Stand up for the Arsenal !

среда, 4 март 2009

West Brom 1-3 Arsenal

08/09 West Bromwich Albion 1-3 Arsenal
Аууу, каква мераклиска победа :). Конечно машки изиграно. Заслужена победа !
Како било било Арсенал се чини конечно ги фати старите патеки. Натпреварот почна одлично за Арсенал, Бентднер погоди во 4-минута, но за жал ВБА се врати за две минути од слободен удар, што се однесува до голот на ВБА воопшто не требаше да го примиме тоа е тоа. Во целиот натпревар Арсенал доминираше па во 38 мин. Туре зголеми на 2-1, а во 44мин. Бендтнер ги постави конечните 3-1. Туре беше заменет на полувремето поради повреда. И во второто полувреме Арсенал имаше доста шанси, но не испеја да искористи барем една, мора да се каже дека Аршавин одигра навистина солидно дури имаше и асистенција :) , а и мн мн шанси за гол. Барнли во недела е новата пречка на Арсенал добро би било и на тој натпревар да се постинат 3-4 гола па се да си се врати наместо :). Ај ќе видиме.

Оценки:
Алмуниа (6,5/7)
Сања (7)
Туре (8,5)
Џуру (7)
Клиши (7)
Насри (6,5)
Денилсон (6,5)
Сонг (7)
Ебуе (6,5)
Бендтнер (8,5)
Аршавин (8)
Од замените:
Ремси (5,5)-делуваше заспано :)
Диаби (6)
Мерида (6,5)

Stand up for the Arsenal !

понеделник, 2 март 2009

Галас го пропушта натпреварот против ВБА


Вилиам Галас ќе го пропушти натпреварот против ВБА. Тој има проблеми со зглобот и ќе биде заменет со Џуру на утрешниот натпревар.Сепак отсуството на Галас не би требало да биде проблем бидејќи Џуру игра доста солидно. Венгер кажа дека Фабрегас, Волкот, Силвестре, Едуардо и Адебајор се уште не се спремни за настап.

Исто така мора да се каже и следново:
Венгeр се уште не ја загубил довербата во своите фудбалери.
Аршвин изјави дека Арсенал мора да стигне до чeтвртата позиција.
Колку овие изјави се реални ќе видме на утрешниот натпревар. Да се надеваме на победа. :)

Stand up for the Arsenal!