вторник, 17 март 2009

Arsenal 2-1 Hull City


Тооoo. Полуфинале во ФА Куп !!! Конечно сме блиску до некоја титула и сега само Челси ни смета кон патот до финалето на Вембли.Натпреварот почна добро за Хал кој поведоа уште во 13 минута. Речиси до 70 минута Арсенал играше залудно и имаше по некоја шанса која ќе ја сездадеше Аршавин или Вела или Волкот. Ван Перси беше еден од најслабите и беше речиси заспан. Кај 70 минута во игра влегоа Насри и Бендтнер на местата на Вела и Сонг. Уште при првата шанса Бендтнер успеа некако да ја подаде топката до Аршавин, а тој до Ван Перси кој немаше што да промашува на празен гол. Така да за овај гол најголема заслуга имаат Аршавин 50%, Бендтнер 35% и Ван Перси 15%. После ова натпреварот тргна за Арсенал , а и Ван Перси се разигра. Потоа во 84 минута после една збрка пред голот на Хал, Галас успеа да постигне гол за пресврт и победа на Арсенал.
Оценки:
Фабиански 6,5
Сања 6
Џуру 6,5
Галас 7/7,5
Гибс 7
Волкот 6,5
Сонг 6,5/7
Диаби 6/6,5
Аршавин 8
Ван Перси 7
Вела 6,5/7
Од замените:
Насри 7,5/8
Бендтнер 7
Ебуе 6/6,5

Следен натпревар сабота против Њукасл.

Stand up for the Arsenal !

1 коментар:

  1. Местото у финале имаме уште сега
    колку би сакал само со Баер да играме финале ќе ги напниме

    ОдговориИзбриши