сабота, 16 јануари 2010

Сол Кембел се врати во Арсенал !


Денеска Арсенал официјално потврди дека Сол Кембел потпиша договор за Арсенал кој ќе трае до на лето. Кембел иако има 35 години е во одлична форма и Венгер смета дека ќе му помогне на Арсенал. Венгер донесе уште еден супер млад талент од Боливија, Самуел Галиндо. За 17 годишникот Венгер плати 500000 фунти, а планира да го прати на позајмица 1-2 сезони. Досега имаме добри засилувања, но треба да почекаме до крајот на јануари, па можеби до тогаш Венгер ќе донесе некој напаѓач прва класа !

Stand up for the Arsenal !

петок, 8 јануари 2010

Трансфер новости !


По се изгледа оваа зима ќе видиме некој нов играч во Арсенал, а можно е некој и да си оди. Како и да е најголеми шанси да си замине има Сендерос, а се шпекулира и дека Фран Мерида можно е да потпише за Атлетико Мадрид. По интернет сајтовите има стално некои шпекулации кој напаѓач ќе дојде. Меѓу тие за кој Арсенал наводно бил заинтересиран cе Карлтон Кол (за 9 милиони фунти) , Траоре од Клуж , а вчера имаше и шпекулација дека можно е да дојде и Игуаин од Реал М. Сепак официјално Венгер соопшти дека сака да купи некого, но неможе да пронајде вистински играч. Најверојатно прво ќе му се даде шанса на Никлас Бендтнер и ако не се пронајде најверојатно Венгер ќе мора да бара чаре. Во секој случај шансите да дојде нов напаѓач се 50-50. Денеска дојде и нова шпекулација и тоа дека ако си замине Сендерос во Арсенал ќе дојде Сол Кембел кој иначе тренира заедно со Арсенал и е слободен играч. Како и да е чудно е Венгер да потпише со поранешен негов играч кој има 35 години, но сепак кога го има како слободен зошто да не би потпишал за да му се најде на Венгер.
Арсенал утре (сабтота) има утакмица со Евертон во 16 часот и на неа сигурно нема да настапи Цеск Фабрегас кој не е доволно опоравен.

Stand up for the Arsenal !