сабота, 28 февруари 2009

Arsenal 0-0 Fulham


Ништо. Апсолутно ништо катастрофа веќе кој знае по кој пат ремизираме по ред во Премиер Лигата, а згора на тоа и не постигнуваме гол. На овај натпревар мислам дека Фулам имаше доста шанси и немаше а биде чудно ако си одеа и со 3 бода. Сепак Арсенал притискаше речиси цело второ полувреме така да накрајот сепак Фулам си отиде повеќе од задоволен. Ван Перси промаши речи си се. Аршавин ги одигра привот цел натпревар минути за Арсенал и одигра спрема мене најдобро од сите во составот на Арснал. Играта на овај натпревар не многу лоша, но со типични грешки кога ги нема Фабрегас, Волкот и компанија. Да се реализираше барем една шанса од многуте ќе беше добро и сите ќе бевме задоволни, но за жал ништо од тоа. Се надевам на враќање на убиствента форма за околу 2 недели :).


Оценки:

Алмунија (7)

Сања (7)

Галас (6,5)

Туре (6,5)

Клиши (6,5)

Насри (6,5)

Диаби (6)

Денилсон (6)

Аршавин (7)

Ван Перси (6,5/7)кога ќе се види што промаши ни 6 не заслужува

Вела (5,5/6)

вторник, 24 февруари 2009

Arsenal 1-0 Roma


И еве репортажа:).
Накусо, Арсенал заслужено славеше над Рома , а имаше најмалку 5 шанси за чист гол. Бендтнер испромаши речи си све, а и Ебуе. Така да Рома најверојатно е повеќе од задоволна со овај резултат. Се чини Арсенал си обезбеди осмина финале земајки предвид дека за реваншот ќе бидат спремни речиси сите првотимци :Фабрегас, Волкот, Адебајор, Едуардо ...

Оценки:
Алмуниа (7)
Сања (6,5)
Туре (6,5)
Галас (6,5)
Клиши (7)
Насри (6/6,5) Се трудеше ама без ефект:(
Денилсон (6,5/7)
Диаби (6)
Ебуе (5/5,5) Ќе имаше повисока оценка ама за тоа што го промаши требаше да има (0) :)
Ван Перси (8/8,5)
Бендтнер (3,5/4) Навистина беше појма барем еден гол да дадеше ќе имаше една 5ка од мене, а и оваа оценка му е висока :)

Од замените:
Ремси (6,5/7)
Сонг (6,5)
Вела (6)

Stand up for the Arsenal !

Arsenal - Roma

http://www.glenndavissoccer.com/wp-content/uploads/2008/04/14041840-6-champions-league-final-tickets-arsenal-vs-barcelona.jpg
После неколку месечна пауза се врати и Лигата на Шампионите. Арсенал во осмина финалето игра против Рома вечер во 20:45ч. Арсенал се соочува со проблеми, но и покрај тоа сите карти се отворени. Рома нема лесно да се откаже и секако ќе гледа да извлечи барем реми на овај натпревар. Сепак Арсенал ќе оди на победа, а тоа би било најдобро решение кога ќе се земе впредвид дека за вториот натпревар ќе бидат спремни: Фабрегас , Волкот, Едуардо ,Адебајор. За вечерашниов натпревар повредени се: Фабрегас , Росицки ,Едуардо , Адебајор, Волкот , Силвестре, а и Аршавин нема право на настап поради тоа што оваа сезона играше за Зенит во лигата на шампионите.

Најверојатен состав: Алмуниа , Сања , Туре , Галас , Клиши ,Насри, Денилсон ,Сонг, Ебуе/Вела, Ван Перси, Бентнер...
Резерви: Фабиански, Џуру, Диаби , Ремси, Вела/Ебуе, Вилшер , Мерида.

Stand up for the Arsenal !

сабота, 21 февруари 2009

Arsenal 0-0 Sunderland

Оххх. Сандерленд ни скрати уште 2 драгоцени бода кој ни беа потребни за враќање меѓу првите четири. Сите се надеваа на голема победа на Арсенал...Овај тим не личеше на тој што играше против Кардиф. Аршавин го имаше своето деби за Арсенал. И покрај тоа што не беше 100% подготвен Венгер го стави во стартните 11. За чудо Андреи изигра речиси најдобро од сите и остави најголем впечаток, имаше и две шанси кој сам си ги создаде, а исто така и цело време играше, додаваше , асистираше. Со овај резултат не само што и врвот станува 100% не достижен туку и првата четворка.
Натпреварот започна со контрола на Арсенал. Аршавин ја имаше првата шанса за Арсенал кога упати одличен удар од 20-на метри. Потоа Ван Перси имаше повеќе од 100% шанса, но изгледа мала му беше целата статива. Како што изминуваше натпреварот така се намалуваа шансите, а и Сандерленд создаваше по некоја шанса.Во второто полувреме некаде кај 60 минута Аршавин беше заменет со Вела , а потоа во игра влегоа и Ебуе и Гибс. Вела не ја промени многу играта, а имаше и една добра шанса. Ебуе не направи ништо посебно, а Гибс за време од 4-5 минути колку што одигра беше доста опасен. Играта на Арсенал на овај натпревар беше 50:50 и најголем проблем беше немањето решение во напад. На крајот на краиштата се гледа дека без Фабрегас работите не одат како подмачкани, а и немањето соодветна замена за Адебајор се приметува. Сепак Арсенал нема пораз на 13 натпревари по ред, а ова беше четврто реми по ред во Премиер Лигата.

Оцнки за Арсенал :
Алмуниа (8)
Сања (7,5/8)
Туре (8)
Галас (8)
Клиши (6,5/7)
Насри (6,5)
Сонг (7,5)
Денилсон (7)
Аршавин (8)
Бендтнер (6)
Ван Перси (6,5)
Од замените:
Вела (6,5)
Ебуе (6/?) не изигра многу
Гибс (7) и ако играше само 5 минути :))

Тоа е тоа не треба да се губи надеж. Кога тимот ќе се комплетира се ќе биде како што треба.
Следен натпревар против Рома во вторник 20часот и 45 минути . :)

Stand up for the Arsenal !

петок, 20 февруари 2009

Arsenal - Sunderland

http://www.arsenal.com/assets/_files/scaled/510x250/oct_08/gun__1223140338_EMP-6418060-1.jpg
Дојде и овај натпревар, започнува утре (Сабота) во 16часот. Сандерленд оваа сезона на Арсенал му скрати 2 бода, а можеше да се случи и да бидат 3 бода, но за среќа тука беше Фабрегас кој ладнокрвно погоди во 90 минута за резултатот да биде 1-1. За овој натпревар не се очекуваат поголеми разлики во составот... Би требало да биде нешто слично како со Кардиф. Но за жал ке фали Едуардо кој се повреди. Со сигурност не може да се потврди дали Аршавин ќе игра цел натпревар или ќе добие некаква минутажа од 50-60 или 15-20 минути. Повредени фудбалери се: Едуардо ,Адебајор ,Фабрегас, Волкот ,Диаби , Силвестре,Росицки...

Најверојатен состав:


Резерви:


Сепак нема да биде ништо чудно ако Аршавин е и стартер. Во таков случај или би играл на местото на Бенднер или кај Вела. :)

Stand up for the Arsenal !

четврток, 19 февруари 2009

Едуардо две недели во аут!


И после неколкуте добри вести почнувајќи со победата над Кардиф и така на таму и така на таму. Сега стигна една лоша вест, а веста е: Едуардо го повредил коленото 2 минути пред да го напушти теренот во понеделникот против Кардиф. И Арсен Венгер го потврди ова за Арсенал ТВ. Едуардо ќе отсуствува околу 2 недели. Сепак за наша среќа Аршавин ќе почне со играње па така помалце ќе се чуствува Едуардиното отсуство. Како и да е за рок од две недели ќе се вратат многу клучни играчи : Волкот, Фабрегас, Адебајор и Едуардо.
Тоа е тоа...

Stand up for the Arsenal !

среда, 18 февруари 2009

Фабрегас се враќа на тренинг за една недела

http://www.abc.net.au/reslib/200812/r326473_1463811.jpg
Цеск Фабрегас изјави дека за рок од една недела ќе се врати на тренинг за Арсенал и дека е нестрплив да ја добре топката. Со ова Цеск би требало да се врати на тренинг некаде кај 25 фебруари што значи дека нема никакви шанси да биде спремен за натпреварот против Рома. Негов настап треба да очекуваме некаде кај 3 март(најрано) на натпреварот против ВБА. Фабрегас се повреди на 21 декември на дуелот против Ливерпул. Првичните проценки беа дека ќе се врати за 4 месеци. Пред некое време се шпекулираше дека Фабрегас сепак ќе биде спремен за Рома, но сепак и Венгер во едно интервју изјави дека нема многу да се брза со Фабрегас и дека би требало најрано да се врати на почетокот на Март. Сега останува да видиме што ќе се случи.:)

Мора да се спомне и оваа вест... Арсен Венгер призна дека Манчестер Јунајтед е недопирлив на врвот и дека чудо би го симнало од таму. Со ова изгледа паѓаат теоретските шанси на Арсенал за освојување на Премиер Лигата. :S
И уште нешто...Тео Волкот е пред потпис на нов 5 годишен договор со Арсенал. Сепак ова е сеуште не потвредена информација...

Stand up for the Arsenal !

вторник, 17 февруари 2009

Едуaрдо:Ова беше најубавиот ден во мојот живот

Едуардо Да Силва после синоќешниот натпревар против Кардиф во кој постигна 2 гола призна дека е презадоволен и дека тој ден бил најдобар во неговиот живот. На првиот настап за Арсенал сезонава Едуардо успеа да постигне 2 гола што е доста интересно кога ќе се земе предид каква повреда имаше. Како и да е да му посакаме уште подобри настапи сезонава. :)

Исто така Венгер кажа дека е презадоволен од изданието на неговиот тим и дека сите се среќни за одличното враќање на Едуардо.

Stand Up For The Arsenal !

понеделник, 16 февруари 2009

Arsenal 4-0 Cardiff City

И конечно супер победа од 4-0 над сериозниот англиски Чемпионшип лигаш Кардиф. Уште на самиот почеток беше јасно кој е победникот и колку ке биде убедлив. Арсенал уште од 3-4 минута почна да притиска кон голот на Кардиф. После неколкуте промашени шанси, во 20 минута Едуардо погоди за 1-0 после одличната асистенција од Вела. Бендтнер во 34 минута погоди за 2-0 после корнерот на Насри. Арсенал и до крајот на првото полувреме играше и создаваше шанси. Во второто полувреме Арсенал влезе малку помлако, после 50 минута Арсенал повторно се освести и тргна кон голот на Кардиф. Набаргу дојде и резултатот во 60 минута кога Едуардо го постигна својот втор погодок од пенал. Во 89 минута Робин Ван Перси го постави конечниот резултат од 4-0. На овај натпревар тимот на Венгер повторно личеше на оној стариот добар Арсенал со својата претпознатлива игра... Замислете си каква ќе биде ситуацијата кога ќе се вратат Фабрегас и Волкот... Има се да газиме :).
Едноставно сите играчи на Арсенал беа за чиста 10-ка. Кардиф воопшто не се закани па така да изгледа и лесно си помина со овај резултат. :)

Следен натпревар во сабота против Сандерленд.

Stand up for the Arsenal!

недела, 15 февруари 2009

Arsenal - Cardiff City

http://img.thesun.co.uk/multimedia/archive/00717/arse_682x400_717916a.jpg
И така дојде и овој натпревар. Понеделник 16.2(20:45ч.) Започнува натпреварот помеѓу Арсенал и Кардиф. Ова е поновена средба поради 0-0 на гостувањето кај Кардиф. Венгер кажа дека мора да се внимава на овој тим и дека не е за потценување, а тоа се виде на претходниот натпревар. Инаку играчи кој нема да настапат(повредени) се: Адебајор, Фабрегас, Волкот, Силвестре, Росицки , а според најнови информации можно е да не настапи и Ерон Ремзи кој го повредил коленото. Исто така Аршавин нема право на настап.

Најверојатен состав:

Резерви:


Редно е да се победи ! :)

четврток, 12 февруари 2009

Едуардо подготвен, но можеби нема да се ризикува против Кардиф


Едуардо конечно е спремен за настап во првиот тим, после речиси 1 година. Тој заработи тешка скршеница на ногата на 23.02.2008 година на натпреварот против Бирмингем. Венгер кажа дека Едуардо е сперемен, но можеби нема да се ризикува со настап на натпреварот против Кардиф, но сепак ништо не се знае.
Да му посакаме одлично враќање во составот на Арсенал.

среда, 11 февруари 2009

Андреи Аршавин на тренинг

Andrey Arshavin in training
Аршавин тренира напорно во тренинг кампот на Арсенал. Русинот не беше спремен на натпреварот против Тотенхем бидејќи подолг период немаше тренирано поради одморот во руската лига. Најверојатно Андреи Аршавин ќе дебитира на натпреварот со Сандерленд, следната недела. Видете уште слики од тренинзите на Аршавин:http://www.arsenal.com/news/news-archive/arshavin-training?image=7

Уште една добра вест. Амаури Бишов постигна погодок за репрезентацијата на Португалија под 21 година.
Робин Ван Перси и официјално прогласен за најдобар играч на Арсенал за месец јануари, тој доби 88% од гласовите на официалниот сајт на Арсенал.

вторник, 10 февруари 2009

Ван Перси играч на месецот според Arsenalfc-newsmk.tk


Според посетителите на сајтов(блогов) Робин Ван Перси е најдобар играч за месец јануари. Робин Ван Перси беше прв претендент за играч на месецот, бидејќи скоро сите голови за месец јануари беа негово дело. Тој асистираше погодуваше и играше како никогаш досега... Холанѓанецот доби 66% од гласовите, Самир Насри доби 16% , Адебајор 11% и 5 % од гласачите гласале за друг играч. Најверојатно Ван Перси ќе биде играч на месецот и според www.arsenal.com, но сеуште не се знаат резултатите. Да се надеваме дека ќе продолжи да импресионира со својте настапи и понатаму.

Волкот се надева дека ќе се врати до крајот на месецов

Тео Волкот се надева дека до крајов на месецов ќе се врати на терените. Волкот се повреди во Ноември на тренинг со Англиската репрезентација. И самиот Волкот потврди дека рехабилитацијата е во тек и дека најверојатно ќе биде спремен до крајот на месецов.

Од другите вести за издвојување е тоа што Едуардо Да Силва е повикан во хрватската репрезентација за натпреварот што треба да биде одигран деновиве.

понеделник, 9 февруари 2009

Аршавин нема да дебитира на натреварот против Кардиф


Новото засилување на Арсенал , Андреи Аршавин нема да го направи своето деби за Арсенал на натпреварот против Кардиф во ФА Купот. Ова беше и официјално потрдено на страната на Арсенал. Аршавин беше на клупата за резерви на натпреварот против Тотенхем , но не влезе во игра. Сепак после појавувањето на клупата сите сметаа дека Аршавин најверојатно ќе биде во составот против Кардиф. Од Арсенал велат дека Аршавин не смее да настапи на овој дуел, бидејќи сеуште не бил играч на Арсенал кога бил одигран првиот меч. Аршавин најверојатно ќе може да настапи на натпреварот од ФА Купот против Барнли, но ако прво Арсенал успее да го победи Кардиф. Дебито на Аршавин се очекува да е на натпреварот против Сандерленд.

недела, 8 февруари 2009

Венгер смета дека судијата е крив за тоа што Арсенал не победи

Арсен Венгер смета дека судијата Мајк Дин бил крив за нерешениот исход на Арсенал. Тој смета дека Дин судел престрого кога Ебуе го заработи првиот жолт картон на натпреварот(Eдноставно Ебуе не рекол ништо лошо за да му биде доделен картон). Исто така Венгер го пофали борбениот дух на екипата која 65 минути играше со играч помалку. “Да не беше исклучен Ебуе тогаш Арсенал ќе победеше. Ние не бараме да го казнат судијата, ние немаме полза од тоа нас веќе никој неможе да ни ги врати загубените бодови.“-додаде Венгер.
Сепак Ебуе јавно на сајтот на Арсенал се извини за црвениот картон. Со ова изгледа Ебуе го признава картонот, па така изјавата на Венгер во врска со ова не држи...

Tottenham 0-0 Arsenal

Како што дојде така и замина ова дерби. Што е најлошо заварши 0-0 и ова е веќе трето реми на Арсенал по ред. Со ремиво полека титулата оди во неповрат , но да бидеме оптимисти до крај , се е можно. На овај натпревар Арсенал одигра прилично добро кога ќе се земе в предвид црвениот картон на Ебуе во 37 минута. Очигледно Ебуе заслужено си доби црвен после приговорот за кој го доби првиот жолт картон и за намерната сопка над Модриќ за кој го доби вториот жолт. Но што е најчудно после излегувањето од игра на Ебуе Арсенал како да играше со играч повеќе. Дотогашната голема контрола на играта од Тотенхем полека падна во рацете на Арсенал и како што течеше натпреварот Арсенал играше се подобро и подобро. За одбележување е и повредата на Адебајор во 38 минута кога при трчањето се здоби со некаква повреда на бутот, но сепак околу 60 минута од натпреварот се врати на клупата на Арсенал и излегда не се работи за некоја посериозна повреда. Кај 86 минута Клиши се здоби со некаква повреда на главата при дуелот со Бент и мораше да ја напушти играта. Во завршните минути од натпреварот Тотенхем(Кокошките) имаа речиси 100% шанса, но Алмунија излезе херој. Пред самиот крај и Арсенал имаше шанси , но изгледа фудбалери како Сонг , Денилсон и компанија немаа храброст да нападнат и да го шокираат Тотенхем во последните минути. Тоа е тоа следниот натпревар на Арсенал е во понеделник(16.2) против Кардив на домашен терен. За тој дуел се очекува 100% фит да бидат Аршавин и Едуардо...
Update: Адебајор ќе биде надвор од терените 3 недели поради повредата што ја заработи.

Венгер: Аде е секогаш човек за дерби натпревари

Напаѓачот на Арсенал има постигнато 8 гола на последните 8 северно Лондонски дерби натпревари , а постигна два на ланскиот натпревар на Ваит Харт Лејн. -"Адебајор има добар рекорд против Тотенхем."-рече Венгер на прескоференцијата.
Ланската сезона Адебајор имаше богата со сезона со голови. Тој постигна 30 голови и само Кристиано Роналдо имаше повеќе во трката за златната топка.

"
Уверен сум дека Адебајор не е погоден од успешната сезона на Робин Ван Перси. Ван Перси беше успешен бидејќи играше добро во секој натпревар. На почетокот Адебајор беше малку вознемирен, но сега полека се враќа и сигурен сум дека ќе ај постигне целта."-рече Венгер

сабота, 7 февруари 2009

Росицки конечно блиску до враќање на терените


Томаш Росицки конечно почна да тренира со топката и наскоро ќе може да се врати во тимот на Арсенал кажа Арсен Венгер. Росицки се повреди пред повеќе од една година на натпреварот против Њукасал каде што доживеа повреда на лигаментите на коленото. После повредата прогнозите беа дека Росицки ќе се врати за 3 месеци , но за жал тоа се одолжи поради необично реагирање на лигаментите на терапиите.-велат докторите.

"Само што се раделивме. На теренот е тренира. Ова му е прв пат да тренира со топката после повредата и затоа сме многу среќни. Тој има шанси да заигра за 6 до 7 недели.-кажа Венгер за сајтот на Арсенал

Фабрегас можеби ќе биде спремен за натпреварот против Рома

Цеск Фабрегас можеби ќе биде спремен за натпреварите од лигата на шампионите против Рома - кажа неговиот лекар Рамон Кугат. Капитенот на Арсенал е надвор од терените од декември , кога на натпреварот против Ливерпул заработи повреда на лигаментите на коленото. Првите проценки беа дека Цеск ќе се врати за 4 месеци , но младиот шпанец најавува дека ќе се врати побрзо. Венгер одбил да потврди дали ова е вистина, но кажал дека кај ваквите повреди подобро е да не се брза со враќањето во игра. И покрај ова докторот на Фабрегас кажа дека тој би требало да биде спремен за враќање во игра за 3 недели.

Ван Перси желен за нов договор со Арсенал

Робин Ван Перси се надева дека ќе успее да го продолжи договорот со Арсенал
Холанѓанецот е подолго време во преговори со Арсенал за престој во клубот на подолго време. Двете страни сакаат да ја продолжат соработката за уште многу годино но сеуште немаат пронајдено конкретно решение. Но како и да е, Ван Перси останува оптимистички расположен дека ќе може да стави потпис на нов договор со Арсенал бидејќи нема желба да настапува во друг клуб.

петок, 6 февруари 2009

Венгер: Снегот не ни попречи во тренинзите

Поголемиот дел од Лондон неделава беше под снег поради снежното невреме. Сепак Венгер тврди дека снегот не му попречил на неговиот тим да се припрема нормално за големото дерби во недела против Тотенхем. Венгер кажа дека теренот имал систем за затоплување и поради тоа тренинзите поминале нормално.

Венгер нема да брза со дебито на Аршавин

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека нема да биде ’приморан’ да го вметне Аршавин во составот на тимот за дербито со Тотенхем

27 годишниот плејмејкер кој пред неколку дена го комплетираше транферот во Арсенал, е назад во Русија за да погрижи за некои лични работи.

Аршавин вечерва треба да се врати во Лондон и со само десет дневна подготовка со Зенит во последниот период, Венгер сугестира дека Рускиот интернационалец можеби ќе го пропушти дербито со Спарс.

“Да, резервиран сум околу ова прашање.” – рече Венгер. “Најлошо што може може да му се случи на некој игра е неподготвен да влезе во натпревар со таков интезитет, или пак да се повреди пред да ’шутне’ топка за тимот.”

“Ќе видам во каква форма е утре и ќе донесам одлука дали ќе биде дел од тимот или пак не.”

“Не се брзаме со него.”

“Тој е на располагање. Но во моментов тој е во авион. Се врати назад во Русија за да земе виза и се враќа назад.”

“Верувам дека е талентиран, интелегентен и мотивиран. Кога ги имате овие работи заедно, секогаш има шанса да оставите впечаток.”

“Но потребно е да му се даде време. Тој не е фит во моментов бидејќи има само десет дневни подготовки по долга пауза. ”