сабота, 7 февруари 2009

Росицки конечно блиску до враќање на терените


Томаш Росицки конечно почна да тренира со топката и наскоро ќе може да се врати во тимот на Арсенал кажа Арсен Венгер. Росицки се повреди пред повеќе од една година на натпреварот против Њукасал каде што доживеа повреда на лигаментите на коленото. После повредата прогнозите беа дека Росицки ќе се врати за 3 месеци , но за жал тоа се одолжи поради необично реагирање на лигаментите на терапиите.-велат докторите.

"Само што се раделивме. На теренот е тренира. Ова му е прв пат да тренира со топката после повредата и затоа сме многу среќни. Тој има шанси да заигра за 6 до 7 недели.-кажа Венгер за сајтот на Арсенал

Нема коментари:

Објави коментар