петок, 6 февруари 2009

Венгер нема да брза со дебито на Аршавин

Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер вели дека нема да биде ’приморан’ да го вметне Аршавин во составот на тимот за дербито со Тотенхем

27 годишниот плејмејкер кој пред неколку дена го комплетираше транферот во Арсенал, е назад во Русија за да погрижи за некои лични работи.

Аршавин вечерва треба да се врати во Лондон и со само десет дневна подготовка со Зенит во последниот период, Венгер сугестира дека Рускиот интернационалец можеби ќе го пропушти дербито со Спарс.

“Да, резервиран сум околу ова прашање.” – рече Венгер. “Најлошо што може може да му се случи на некој игра е неподготвен да влезе во натпревар со таков интезитет, или пак да се повреди пред да ’шутне’ топка за тимот.”

“Ќе видам во каква форма е утре и ќе донесам одлука дали ќе биде дел од тимот или пак не.”

“Не се брзаме со него.”

“Тој е на располагање. Но во моментов тој е во авион. Се врати назад во Русија за да земе виза и се враќа назад.”

“Верувам дека е талентиран, интелегентен и мотивиран. Кога ги имате овие работи заедно, секогаш има шанса да оставите впечаток.”

“Но потребно е да му се даде време. Тој не е фит во моментов бидејќи има само десет дневни подготовки по долга пауза. ”

Нема коментари:

Објави коментар