сабота, 7 февруари 2009

Фабрегас можеби ќе биде спремен за натпреварот против Рома

Цеск Фабрегас можеби ќе биде спремен за натпреварите од лигата на шампионите против Рома - кажа неговиот лекар Рамон Кугат. Капитенот на Арсенал е надвор од терените од декември , кога на натпреварот против Ливерпул заработи повреда на лигаментите на коленото. Првите проценки беа дека Цеск ќе се врати за 4 месеци , но младиот шпанец најавува дека ќе се врати побрзо. Венгер одбил да потврди дали ова е вистина, но кажал дека кај ваквите повреди подобро е да не се брза со враќањето во игра. И покрај ова докторот на Фабрегас кажа дека тој би требало да биде спремен за враќање во игра за 3 недели.

Нема коментари:

Објави коментар