сабота, 21 февруари 2009

Arsenal 0-0 Sunderland

Оххх. Сандерленд ни скрати уште 2 драгоцени бода кој ни беа потребни за враќање меѓу првите четири. Сите се надеваа на голема победа на Арсенал...Овај тим не личеше на тој што играше против Кардиф. Аршавин го имаше своето деби за Арсенал. И покрај тоа што не беше 100% подготвен Венгер го стави во стартните 11. За чудо Андреи изигра речиси најдобро од сите и остави најголем впечаток, имаше и две шанси кој сам си ги создаде, а исто така и цело време играше, додаваше , асистираше. Со овај резултат не само што и врвот станува 100% не достижен туку и првата четворка.
Натпреварот започна со контрола на Арсенал. Аршавин ја имаше првата шанса за Арсенал кога упати одличен удар од 20-на метри. Потоа Ван Перси имаше повеќе од 100% шанса, но изгледа мала му беше целата статива. Како што изминуваше натпреварот така се намалуваа шансите, а и Сандерленд создаваше по некоја шанса.Во второто полувреме некаде кај 60 минута Аршавин беше заменет со Вела , а потоа во игра влегоа и Ебуе и Гибс. Вела не ја промени многу играта, а имаше и една добра шанса. Ебуе не направи ништо посебно, а Гибс за време од 4-5 минути колку што одигра беше доста опасен. Играта на Арсенал на овај натпревар беше 50:50 и најголем проблем беше немањето решение во напад. На крајот на краиштата се гледа дека без Фабрегас работите не одат како подмачкани, а и немањето соодветна замена за Адебајор се приметува. Сепак Арсенал нема пораз на 13 натпревари по ред, а ова беше четврто реми по ред во Премиер Лигата.

Оцнки за Арсенал :
Алмуниа (8)
Сања (7,5/8)
Туре (8)
Галас (8)
Клиши (6,5/7)
Насри (6,5)
Сонг (7,5)
Денилсон (7)
Аршавин (8)
Бендтнер (6)
Ван Перси (6,5)
Од замените:
Вела (6,5)
Ебуе (6/?) не изигра многу
Гибс (7) и ако играше само 5 минути :))

Тоа е тоа не треба да се губи надеж. Кога тимот ќе се комплетира се ќе биде како што треба.
Следен натпревар против Рома во вторник 20часот и 45 минути . :)

Stand up for the Arsenal !

5 коментари:

  1. Ау оценките ти се заникаде никој не заслужи повеќе од 7 и тоа само Аршавин другите беа катастрофа.Аршавин не за нешто повеќе шо направи од другите туку само за тоа шо му беше воа прв натпревар

    ОдговориИзбриши
  2. Hm abe site igraa dobro prilcno dobro fali uste zavrsen udar.

    ОдговориИзбриши
  3. Море ни фали многу и константна игра во текот на сите 90 минути а не во првото имаме 6 шанси а во второт едвај 1-2

    ОдговориИзбриши
  4. Pa ok...so bendtner i co. kako da e konstantna igrata :D .

    ОдговориИзбриши
  5. Сметам дека дефанзивата со исклучок на бековите и некои играчи од средината се доста добри и проблемот е во напѓачкиот ред.

    ОдговориИзбриши