понеделник, 16 февруари 2009

Arsenal 4-0 Cardiff City

И конечно супер победа од 4-0 над сериозниот англиски Чемпионшип лигаш Кардиф. Уште на самиот почеток беше јасно кој е победникот и колку ке биде убедлив. Арсенал уште од 3-4 минута почна да притиска кон голот на Кардиф. После неколкуте промашени шанси, во 20 минута Едуардо погоди за 1-0 после одличната асистенција од Вела. Бендтнер во 34 минута погоди за 2-0 после корнерот на Насри. Арсенал и до крајот на првото полувреме играше и создаваше шанси. Во второто полувреме Арсенал влезе малку помлако, после 50 минута Арсенал повторно се освести и тргна кон голот на Кардиф. Набаргу дојде и резултатот во 60 минута кога Едуардо го постигна својот втор погодок од пенал. Во 89 минута Робин Ван Перси го постави конечниот резултат од 4-0. На овај натпревар тимот на Венгер повторно личеше на оној стариот добар Арсенал со својата претпознатлива игра... Замислете си каква ќе биде ситуацијата кога ќе се вратат Фабрегас и Волкот... Има се да газиме :).
Едноставно сите играчи на Арсенал беа за чиста 10-ка. Кардиф воопшто не се закани па така да изгледа и лесно си помина со овај резултат. :)

Следен натпревар во сабота против Сандерленд.

Stand up for the Arsenal!

Нема коментари:

Објави коментар