недела, 8 февруари 2009

Tottenham 0-0 Arsenal

Како што дојде така и замина ова дерби. Што е најлошо заварши 0-0 и ова е веќе трето реми на Арсенал по ред. Со ремиво полека титулата оди во неповрат , но да бидеме оптимисти до крај , се е можно. На овај натпревар Арсенал одигра прилично добро кога ќе се земе в предвид црвениот картон на Ебуе во 37 минута. Очигледно Ебуе заслужено си доби црвен после приговорот за кој го доби првиот жолт картон и за намерната сопка над Модриќ за кој го доби вториот жолт. Но што е најчудно после излегувањето од игра на Ебуе Арсенал како да играше со играч повеќе. Дотогашната голема контрола на играта од Тотенхем полека падна во рацете на Арсенал и како што течеше натпреварот Арсенал играше се подобро и подобро. За одбележување е и повредата на Адебајор во 38 минута кога при трчањето се здоби со некаква повреда на бутот, но сепак околу 60 минута од натпреварот се врати на клупата на Арсенал и излегда не се работи за некоја посериозна повреда. Кај 86 минута Клиши се здоби со некаква повреда на главата при дуелот со Бент и мораше да ја напушти играта. Во завршните минути од натпреварот Тотенхем(Кокошките) имаа речиси 100% шанса, но Алмунија излезе херој. Пред самиот крај и Арсенал имаше шанси , но изгледа фудбалери како Сонг , Денилсон и компанија немаа храброст да нападнат и да го шокираат Тотенхем во последните минути. Тоа е тоа следниот натпревар на Арсенал е во понеделник(16.2) против Кардив на домашен терен. За тој дуел се очекува 100% фит да бидат Аршавин и Едуардо...
Update: Адебајор ќе биде надвор од терените 3 недели поради повредата што ја заработи.

8 коментари:

  1. Абе денеска ќе ги напниме кокошкиве

    ОдговориИзбриши
  2. И мене така ми се чини ке биде ке биде ај едно 3 разлика за нас :)

    ОдговориИзбриши
  3. ЕХ ЕБУЕ ИЗГЛЕДА ПРЕТЕРА.... Ама и нехраброста на нашите да дадат гол беше пресудна. :( Ај белќи кога ке се комплетираме ке биде нешто, и ке го видиме правиот АРСЕНАЛ.

    ОдговориИзбриши
  4. Но до тогаш ќе мораме да се задоволуваме само со реми
    И скоро се подалеку сме од тоа толку посакувано 4 место кое води во Л.Ш следната сезона

    ОдговориИзбриши
  5. Првиот жолт картон можеби и престрого му беше доделен на Ебуе но тоа е тоа.
    Инаку во Понеделник секако ќе добие шанса за деби Аршавин но и деби оваа сезона за ДУДУ

    ОдговориИзбриши
  6. Авторот го отстрани коментаров.

    ОдговориИзбриши
  7. Sprema mene Eduardo ke nastapi na mestoto na Adebayor, ne deka mozebi nema da se oporavi tuku deka e za niakde vo formata , a ARSAHVIN ke nastapi na mestoto na Eboue . Ova bi bil daleku po optimisticki tim...

    ОдговориИзбриши