недела, 19 јули 2009

Емануел Адебајор официјално потпиша за Сити !


Емануел Адебајор конечно го комплетира трансферот во Маначестер Сити. Иако не беше објавена сумата за трансферот, се смета дека Арсенал ќе спечали околу 25 милиони фунти.
Венгер кажа дека и покрај заминувањето на Аде тој нема да брза во купување на играч. Венгер изјави: “На припремите ќе се докаже дали нам ни треба напаѓач, ако ни треба сигурно ќе купиме“. Исто така тој призна дека е заинтересиран за Маруан Шамак. Па така ако некој дојде летово тоа ќе биде најверојатно Шамак.
Што се однесува до вчерашниот пријателски натпревар против Барнет 2-2 Арсенал одигра доста солидно по првото полувреме и во второто не беше лош. Сепак 2 гола кој Арсенал ги прими можеа лесно да се скротат али тоа е тоа.
Следен натпревар против СК. Колумбија на 21 јули во 18:30 часот.
Stand up for the Arsenal !

Нема коментари:

Објави коментар