петок, 5 јуни 2009

Трансфер новости !

Блогот по скоро дво-месечна запоставеност повторно ќе се активира и постојано ќе бидат пишувани новите вести во врска со Арсенал :).

Арсенал сега за сега е поврзан со доста играчи како: Јаја Туре, Един Џеко, Томас Вермален и Блесе(незнам како точно се чита)Матиду.
Арсенал го посакува Јаја Туре и Венгер е спремен да потроши 12 милиони фунти , но сепак цената на Туре најверојатно ќе биде поголема.А Арсенал веќе ги започна преговорите за Един Џеко напаѓачот на Волфсбург. Арсенал понуди 12 милиони фунти , но се смета дека Волфсбург ќе побара повеќе. Томас Вермален стоперот на Ајакс е пред преминување во Арсенал за негово ангажирање Арсенал понуди 10 милиони фунти. За играчот на Сент Етиен Матиду засега нема понуда од Арсенал, но Венгер покажува интерес кон овај играч.
За заминување од Арсенал најблиску се Адебајор и Ебуе. Иако се сметаше дека милан веќе пратил понуда од 15 милиони фунти , агентот на Адебајор кажа дека сеуште немаат контактирано со милан.

Арсенал прифати пријателски меч со Хановер за 29.07.2009 .

Stand up for the Arsenal !

Нема коментари:

Објави коментар