петок, 28 август 2009

Манчестер Јунајтед - Арсенал


Утре (29.08.2009) во18:15ч. започнува еден од најголемите дерби натпревари во Англија помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал. За овај натпревар и двата менаџери ќе имаат проблеми околу составите. На Манчестер ќе му фалат главните играчи од одбраната како: Едвин Ван Дер Сар и Фердинанд. Кај Арсенал ќе фалат Волкот , Насри, Росицки и Фабрегас. И ако вчера Венгер изјави дека Цеск можно е да биде спремен, сепак на денешниот фитнес тест се покажало дека Фабрегас не ја залечич повредата и дека нема да може да настапи на утрешниот натпревар. Како и да е Арсенал како и секогаш и на овај натпревар ќе оди на победа.
Вака би требало да изгледа составот на Арсенал:
-------------------Алмунија-----------------------

Сања-------Галас----------Вермален------Клиши

--------------------Сонг---------------------------
----Ебуе--------------------Денилсон/Ремси-----

---Едуардо-------Ван Перси------Аршавин------

Линкови за следење на натпреварот онлајн тука.

Stand up for the Arsenal !

вторник, 25 август 2009

Арсенал - Селтик


Арсенал утре вечер(среда) ќе го пречека Селтик на Емирати стадионот. Предноста е на странта на Арсенал кој има предност од 2-0 од првиот натпревар. Сепак и покрај предноста Арсенал треба да изигра многу добро за да не биде изненаден. Фабрегас нема да биде во составот за овај натпревар бидејќи се повреди на натпреварот со портсмут, но најважно е што тој најверојатно ќе биде фит за натпреварот со Манчестер Јунајтед.

Вака би требало да изгледа составот на Арсенал :

-------------------Алмунија-----------------------
Сања-------Галас-----------Вермален----Клиши
--------------------Сонг--------------------------
-----Денилсон------------------------Диаби-----
----Ван Перси----Едуардо---------Аршавин----

Линкови за следење на натпреварот онлјан тука. Почеток во 20:40 ч.

Stand up for the Arsenal !

сабота, 22 август 2009

Арсенал - Портсмут


Иако денеска започнува 3 коло во Англиската Премиер Лига ,Арсенал ќе го игра вториот натпревар. Во вторникот и средата имаше вондредно коло во Премиер Лигата, но половина од тимовите играа во европските купови или нивниот противник играше во Европските купови. Така да Тотенхем и Челзи ја искористија предноста од 1 натпревар над Арсенал и успеа да излезат пред Арсенал кој во моментов е 3 место со еден одигран натпревар. Во секој случај важно е да се победи денеска против Портсмут за да Арсенал се обиде и со натпревар помалку да излезе на првата позиција што би значла огромна предност. Но за тоа ќе видиме. Што се однесува конкретно за овај натпревар , Арсенал ги има истите проблеми како и на претходните 2 натпревари со отсуство на важни фудбали кој засега фала богу нема последици заради нивното отсуство. Најверојатно Тио Волкот ќе отсуствува и на овај натпревар и на важниот натпревар со Манчестер Јунајтед следната сабота. Отсутен е и Роскицки и Самир Насри. Без разлика на ова како и секогаш ќе се оди на победа.

Линкови за следење на натпреварот онлајн тука.
Stand up for the Arsenal !

сабота, 15 август 2009

Евертон 1-6 Арсенал


Добар почеток подобар здравје. Арсенал го демолира Евертон на нивни терен со 6-1. Малку фалеше Арсенал да победи со 7-0 , но Евертон успеа да постигне гол во 92 минута. Арсен Венгер како што најави ја постави 4-3-3 формацијата и ефектот е видлив. Арсенал играше солидно, прв постигна гол Денилсон во 26 минута од далечина по додавањето од Фабрегас. Потоа во 37 минута Вермален го постигна својот депитански погодок за Арсенал во дебито во Премиер Лигата после нафрлањето од страна на Ван Перси. Галас ја затресе мрежата 4 минути подоцна, откако Фабрегас изведе слободен удар. Во Второто полувреме Арсенал продолжи во исто темпо и Фабрегас постигна 2 погодоци во 48 и 70 мин. Шестиот погодог за Арсенал го постигна Едуардо во 90 мин. откако Аршавин биеше во стативата и топката се одби до Дуду. И кога сите се надевавме на повторување на 7-0 на Арсенал - Евертон во 2005 Евертон успеа да постигне почесен гол преку Саха. Ако Арсенал се сконцентрираше повеќе во тие последни минути немаше да го прими и тој гол, но како било било одличен почеток на сезоната. На овој натпревар дефинитивно играч на мечот беше Фабрегас со 2 погодоци и 2 асистенции. Арсенал засега е прв на табелата во премиер лигата.

Сега следен натпревар е против Селтик на 18 Август во плеј офот за лигата на шампионите и таму одиме на победа.

Stand up for the Arsenal !

петок, 14 август 2009

Евертон - Арсенал


Завршија подготовките на Арсенал и на сите други премиер лигашки тимови и сега официјално започнува сезоната. Арсенал утре во 18 и 30 часот ќе го игра натпреварот против Евертон на гостински терен. Многумина сметаат дека Арсенал сезонава ќе нема никакви шанси да освои нешто поради продажбата на Адебајот и на Туре. Истиве муабети кружеја и пред две сезони. Тогаш сите викаа дека Арсенал ќе се бори за 10 место, а Арсенал цело време беше прв на табелата во премиер лигата и во последните натпревари ја загуби титулата. Но што се однесува до овај натпревар на Евертон му фалат доста играчи така да ќе имаат доста проблеми. И на Арсенал му фалат доста играчи поготово клучни како Волкот , Насри , Росицки... Томас Вермален би требало да дебитира на официјален меч за Арсенал. Во секој случај за овој натправар фаворит е Арсенал :).

Составот засега тешко може да се предвиди, бидејќи Венгер најавуваше 4-3-3 формација, но пради отсуството на Волкот може ова да не се оствари. Сепак вака би изгледал тимот со 4-3-3 формација:

-------------------Алмунија-----------------------
Сања------Галас---Вермален----Клиши/Гибс
--Ебуе/Фабрегас--Фабрегас/Денилсон--Траоре/?
----Ван Перси--------------Аршавин-------
-----------------Бендтнер---------------------

Најверојатно Венгер при ваква формација ќе мора да се мачи да состави квалитетна средина. Како и да е важно е да се има добра игра и да се оди на победа :).

Линкови за следење на натпреварот онлајн тука.
Stand up for the Arsenal !

недела, 9 август 2009

Валенсија 2-0 Арсенал



Штета ! Тамам да изиграме едно лето без порас и етети го(поразот) на крајот. Арсенал падна на привиот вистински тест оваа предсезона, а и последен натпревар. Валенсија го надмудри Арсенал и заслужено до некаде победи со 2-0. Дали грешката е во тоа што Арсенал доста доцна ова лето т.е. на последниот натправар одигра против вистински противник, дали тоа требаше да се случи малку порано за да има време за поправки... Како било било ќе се вадиме на тоа дека врнело теренот не чинел и сл. ама џабе е убав пораз тоа е тоа. Единствено што му останува на Арсенал во овие неколку дена пред почетокот на Премиер Лигата е да се стегнат и да се обидат да поправат нешто и се да оди како што треба. Венгер најавуваше формација 4-3-3 за новата сезона , но после ова на Местаља незнам дали тоа ќе се случи.
Еве едно предвремено предвидување за натправарот со Евертон на 15 август. :)
Вака би требало да изгледа составот:
Формација :4-3-3
----------------Алмунија-------------------

Сања---Галас--------Вермален-----Клиши

Фабрегас-----Денилсон----(?)(Траоре)-

----Волкот- -------------- Аршавин
-------------Ван Перси--------------
-
Ако Венгер се реши на старата 4-4-2 форамција составот би требало да изгледа вака:

--------------Алмунија--------------------

Сања----Галас------Вермален---Клиши

Ебуе--Фабрегас--(?)Денилсон-(?)Траоре

-----------Ван Перси -- Аршавин

- Mожно е Венгер да изненади со некоја сосема трета формација бидејки фалат два корисни играчи :).

Stand up for the Arsenal !

сабота, 8 август 2009

Валенсија - Арсенал


Вечерва во 21часот и 30 минути започнува последниот пријателски (подготвителен) натпревар на Арсенал за ова лето. Ако Арсенал ја победи вечерва Валенсија ќе има едно од најуспешните лета со ни еден пораз , само со едно реми, но ќе видиме.
Од другото Арсенал ќе игра квалификцаии за лигата на шампионите против СЕЛТИК.

Ако сакате да го гледате натпреварот онлајн кликнете тука.

Stand up for the Arsenal !

понеделник, 3 август 2009

Арсенал победник на Емирати Купот 2009!


Арсенал го освои трофејот на Емирати Купот кој се одржуваше од 1ви до 2ри Август на Емирати Стадионот. Тимот на Арсенал стана најтрофеен клуб во Купот со 2 титули , од можни 3. Еден од најзаслужните за освојувањето на Купот е Аршавин кој за 3 минути постигна 2 одлични погодоци за победа над Атлетико Мадрид , а во натпреварот за трофејот имаше одлична асистенција. Сепак голема заслуга поготово за финалниот натпревар имаше Џек Вилшер кој постигна 2 гола.
Еве ги сите резултати од Емирати Купот:
Ренџерс 1-0 Парис Сент Жермен
Арсенал 2-1 Атлетико Мадрид

Ателтико Мадрид 1-1 Парис Сент Жермен
Арсенал 3-0 Ренџерс .

Конечна табела:
Тим Поени
1.Арсенал 11
2.Ренџерс 4
3.Атлетико М. 3
4.ПСЖ 2

Ако сакате да видите повеќе слики од подигнувањто на трофејот и прославата кликнете тука.

Stand up for the Arsenal!