сабота, 15 август 2009

Евертон 1-6 Арсенал


Добар почеток подобар здравје. Арсенал го демолира Евертон на нивни терен со 6-1. Малку фалеше Арсенал да победи со 7-0 , но Евертон успеа да постигне гол во 92 минута. Арсен Венгер како што најави ја постави 4-3-3 формацијата и ефектот е видлив. Арсенал играше солидно, прв постигна гол Денилсон во 26 минута од далечина по додавањето од Фабрегас. Потоа во 37 минута Вермален го постигна својот депитански погодок за Арсенал во дебито во Премиер Лигата после нафрлањето од страна на Ван Перси. Галас ја затресе мрежата 4 минути подоцна, откако Фабрегас изведе слободен удар. Во Второто полувреме Арсенал продолжи во исто темпо и Фабрегас постигна 2 погодоци во 48 и 70 мин. Шестиот погодог за Арсенал го постигна Едуардо во 90 мин. откако Аршавин биеше во стативата и топката се одби до Дуду. И кога сите се надевавме на повторување на 7-0 на Арсенал - Евертон во 2005 Евертон успеа да постигне почесен гол преку Саха. Ако Арсенал се сконцентрираше повеќе во тие последни минути немаше да го прими и тој гол, но како било било одличен почеток на сезоната. На овој натпревар дефинитивно играч на мечот беше Фабрегас со 2 погодоци и 2 асистенции. Арсенал засега е прв на табелата во премиер лигата.

Сега следен натпревар е против Селтик на 18 Август во плеј офот за лигата на шампионите и таму одиме на победа.

Stand up for the Arsenal !

Нема коментари:

Објави коментар