сабота, 22 август 2009

Арсенал - Портсмут


Иако денеска започнува 3 коло во Англиската Премиер Лига ,Арсенал ќе го игра вториот натпревар. Во вторникот и средата имаше вондредно коло во Премиер Лигата, но половина од тимовите играа во европските купови или нивниот противник играше во Европските купови. Така да Тотенхем и Челзи ја искористија предноста од 1 натпревар над Арсенал и успеа да излезат пред Арсенал кој во моментов е 3 место со еден одигран натпревар. Во секој случај важно е да се победи денеска против Портсмут за да Арсенал се обиде и со натпревар помалку да излезе на првата позиција што би значла огромна предност. Но за тоа ќе видиме. Што се однесува конкретно за овај натпревар , Арсенал ги има истите проблеми како и на претходните 2 натпревари со отсуство на важни фудбали кој засега фала богу нема последици заради нивното отсуство. Најверојатно Тио Волкот ќе отсуствува и на овај натпревар и на важниот натпревар со Манчестер Јунајтед следната сабота. Отсутен е и Роскицки и Самир Насри. Без разлика на ова како и секогаш ќе се оди на победа.

Линкови за следење на натпреварот онлајн тука.
Stand up for the Arsenal !

Нема коментари:

Објави коментар