петок, 14 август 2009

Евертон - Арсенал


Завршија подготовките на Арсенал и на сите други премиер лигашки тимови и сега официјално започнува сезоната. Арсенал утре во 18 и 30 часот ќе го игра натпреварот против Евертон на гостински терен. Многумина сметаат дека Арсенал сезонава ќе нема никакви шанси да освои нешто поради продажбата на Адебајот и на Туре. Истиве муабети кружеја и пред две сезони. Тогаш сите викаа дека Арсенал ќе се бори за 10 место, а Арсенал цело време беше прв на табелата во премиер лигата и во последните натпревари ја загуби титулата. Но што се однесува до овај натпревар на Евертон му фалат доста играчи така да ќе имаат доста проблеми. И на Арсенал му фалат доста играчи поготово клучни како Волкот , Насри , Росицки... Томас Вермален би требало да дебитира на официјален меч за Арсенал. Во секој случај за овој натправар фаворит е Арсенал :).

Составот засега тешко може да се предвиди, бидејќи Венгер најавуваше 4-3-3 формација, но пради отсуството на Волкот може ова да не се оствари. Сепак вака би изгледал тимот со 4-3-3 формација:

-------------------Алмунија-----------------------
Сања------Галас---Вермален----Клиши/Гибс
--Ебуе/Фабрегас--Фабрегас/Денилсон--Траоре/?
----Ван Перси--------------Аршавин-------
-----------------Бендтнер---------------------

Најверојатно Венгер при ваква формација ќе мора да се мачи да состави квалитетна средина. Како и да е важно е да се има добра игра и да се оди на победа :).

Линкови за следење на натпреварот онлајн тука.
Stand up for the Arsenal !

Нема коментари:

Објави коментар